11.8 C
Skopje

Незапирливиот Алкараз со петта титула годинава

Објавено:

Карлос Алкараз повторно го освојува тенискиот свет. Тој денес победи во финалето на Квинс турнирот во мечот против Чехот Јири Лехечка (7-5, 6-7, 6-2).

Со ова Алкараз ја обезбеди петтата титула годинава, со што се најде на врвот на листата на победи, а води и на листата на најмногу добиени мечеви, со неверојатни 42. Со ваквиот поход, младиот Шпанец сериозно му се “заканува” на носителот на АТП листата, Јаник Синер.

“Ова е навистина посебно за мене. Овој трофеј, овој турнир. Многу сум среќен повторно да го подигнам трофејот тука. Морам да кажам, Јири имаше неверојатна недела. Неговата игра беше на навистина високо ниво. Секогаш е кошмар да се игра против некој како него, што покажува само колку е цврст. Одлично завршена работа. Се гледаме на Вимблдон”, изјави Карлос после победата.

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

Она што е импресивно е дека ова е 18-та последователна победа на 22 годишниот тенисер и 12-та последователна победа на трева. Со денешната победа, тој со неговите 4 победи на трева се изедначи со неговиот сонародник Рафаел Надал кој важеше за крал на црвениот терен, но во целата негова кариера успеа само четири пати да победи на трева.

Изгледа Алкараз не планира да покаже слабост на ниту еден терен, а според досега прикажаното има и тоа што да гледаме од него во иднина.

 

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено