Нов државен рекорд на 10 км од Дарио Ивановски за почеток на новата 2026-та!

Објавено:

Додека целиот свет се подготвуваше да ја пречека Новата година, најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, испишуваше нови страници во спортската историја на нашата земја.

На престижната улична трка „San Silvestre Vallecana“ во Мадрид, Ивановски постави нов национален рекорд на 10 километри на пат, истрчувајќи го делницата за фантастични 29:00 минути (нето време 28:59).

Срушена психолошката бариера

Ова е резултат за почит и првпат во историјата на македонската атлетика еден наш натпреварувач да ја спушти границата под 29 минути (нето време). Со ова, Дарио го подобри сопствениот рекорд од 29:56 минути, кој го постави во 2024 година во Гевгелија – напредок од речиси цела минута!.

Рамо до рамо со светската елита

Во конкуренција на светски ѕвезди, членот на АК „Скопски Маратон“ го освои одличното 17-то место. Победник на трката беше кениската ѕвезда Џефри Камворор со време од 27:41 минути.

Овој успех е, како што напиша неговиот тим, „шлаг на неверојатната сезона 2025“.

„НОВ НАЦИОНАЛЕН РЕКОРД! Нова резултатска бомба! Најбрза десетка за Македонец во историјата. Тоа го можат само докажаните национални спортски херои како Дарио“ – стои во емотивната објава на Игор Јакимовски.

Дарио Ивановски уште еднаш докажа дека е класа за себе и најдобриот амбасадор на македонскиот спорт. Среќна Нова 2026 и нека се множат рекордите!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено