Нов Шпанец на чело на РК Еурофарм Пелистер

Објавено:

По заминувањето на Раул Алонсо од клупата на Еурофарм Пелистер, потег кој ги изненади сите со оглед на успешната сезона со освоен шампионат и важечкиот договор кој Шпанецот го имаше со клубот, сега на негово место доаѓа уште еден Шпанец.

Станува збор за Рубен Гарабаја Аренас, кој со Пелистер потпиша договор за идната сезона, со можност за продолжување и во наредните години доколку и двете страни се задоволни од соработката.

46 годишниот Гарабаја има одлична играчка кариера зад себе, со бројни медали и ракометни достигнувања. Тој за шпанската репрезентација има настапено 168 пати во кои има постигнато 318 голови, на позиција кружен напаѓач.

Со репрезентацијата ја има освоено светската титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година.

Извор: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Гарабаја во Еурофарм Пелистер доаѓа од Астурија, а како тренер ја започна својата кариера во Логроњо во 2018 година. Потоа три години работеше за Натурхаус Ла Риоха, по што го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.

Во 2021 година го на покана на Роберто Гарсија Парондо тој започна со работа како асистент тренер во египетската репрезентација. Со Египет тие два пати го освоија златото на шампионатот во Африка и сребрениот медал на Медитеранските игри.

Во 2022 година Гарабаја ја започна својата самостојна тренерска кариера во шпанскиот клуб Синфин Сантандер, од каде што пристигнува на чело на битолскиот шампион.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено