Новак Ѓоковиќ: “Размислувам како сакам да се пензионирам, не кога”

Објавено:

Популарното списание “GQ” направи одлична фотосесија и интервју со српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ покрај брегот на Котор во Црна Гора.

Во интервјуто тој зборуваше за односот кон исхраната, контраверзниот турнир во Австралија за време на КОВИД кризата и плановите за иднината во тенисот.

“Кога станува збор за исхраната, јас сум многу религиозен. Сакам намирниците да бидат чисти и свежо подготвени. Не сакам да истражувам многу кога е храната во прашање, особено за време на турнирите”, вели Ноле.

И покрај повредата на коленото и неговата прва сезона без освоен трофеј уште од 2005 година, тој инсистира дека сè уште не планира да се откаже. Вели дека Олимпиското злато му било многу значајно, не бидејќи само тоа му фалело во кариерата покрај многуте освоени титули, туку затоа што го освојл за својата држава.

Извор: https://www.gq.com

На прашањето дали го достигнал врвот во тенисот и завршил со освојување на титули, тој вели: “Тенисот е сè уште мојот најголем мегафон кон светот. Мислам, ако гледате само од перспектива на освојување на титули и на самата игра, тогаш можеби е така. Но, не планирам да се откажам. Татко ми најверојатно ќе се налути што го кажувам ова јавно, но тој пробува веќе некое време да ме натера да се пензионирам”.

“Тој го разбира интензитетот што се бара од мене, како и притисокот и тензијата на теренот и како тоа влијае на мене, моето здравје и моето тело, а со тоа и на сите околу мене”, искрено раскажува Ѓоковиќ.

“Размислувам како сакам да го завршам сето ова. Не, не, ќе го повлечам тоа. Повеќе размислувам за ‘како’ отколку ‘кога’. Сè уште не размислувам толку интензивно за делот со ‘кога’. Но, како сакам да заврши? Мислам дека кога ќе почнам да губам почесто и почувствувам дека веќе има голема разлика меѓу мене и младите, тогаш најверојатно ќе се повлечам. Но, сега за сега сум добар, така што продолжувам”, вели Ноле за плановите за пензија.

Погледнете го видеото од фотосесијата и дел од фотографиите. На Инстаграм, Ноле ги сподели дел од фотографиите, а во описот се пошегува со својата колешка: “Вака се позира, Сабаленка!”.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено