ОЧЕКУВАНА РОТАЦИЈА ПРЕД ВЕЛС! Милевски ги „седна“ Елмас и Миовски, Растодер и Стојчевски стартери против Летонија!

Објавено:

Фокусот е јасен, мисијата е Велс. Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18:00 часот) на Арената „Тодор Проески“ ја пречекува Летонија во пријателски натпревар, кој служи како последен филтер и генерална проба пред клучниот дуел во Кардиф.

Во битката за второто место во групата, селекторот Благоја Милевски не сака ништо да ризикува. Како што и се очекуваше, „Рисовите“ ќе истрчаат во комбиниран состав, со цел да се сочува свежината на главните ѕвезди.

Растодер во нападот, Елмас и Миовски на клупа

Најголемите ѕвезди, Елиф Елмас и Бојан Миовски, ќе ја чекаат својата шанса од клупата за резерви. Ова отвора простор за играчи кои треба да ја докажат својата вредност.

Шанса од првата минута добива младиот Стефан Растодер во шпицот на нападот, додека во одбраната ќе стартува Ѓоко Стојчевски покрај Серафимов. Во отсуство на Елмас, одговорноста за креирање на играта ќе падне на Енис Барди, кој ќе дејствува во средниот ред заедно со Алими и Костадинов.

Ова е можност за Милевски да ги види во какво светло се „резервните“ опции пред најважниот меч во овој квалификациски циклус.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а влезот на Арената „Тодор Проески“ е слободен за сите навивачи.

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ:

MAКЕДОНИЈА (4-3-3): Димитриевски; Илиевски, Стојчевски, Серафимов, Ашковски; Костадинов, Алими, Барди; Ристовски, Растодер, Чурлинов.

ЛЕТОНИЈА (5-4-1): Матревич; Циганикс, Јурковскис, Черномордијс, Балодис, Савалниекс; Икауниекс, Вапне, Зеленковс, Дашкевич; Гутковскис.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено