Одличен старт и на трибините: Најдобрите кореографии во Премиер лигата!

 

Објавено:

Ако некој едвај чекаше да почне Премиер лигата, тоа секако се навивачите кои оваа година го одбележаа стартот на сезоната со извонредни кореографии на трибините.

Ние решивме дека нивниот труд вреди да биде споделен, па ги собравме сите кореографии од првото коло на новата сезона. Уживајте!

Ливерпул

Навивачите на Ливерпул разбирливо го посветија првиот натпревар на прерано загинатиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Во емотивното отворање токму на првиот натпревар од сезоната, тие на трибините ги испишаа иницијалите и броевите кои ги носеа двајцата фудбалери.

Ние пишувавме повеќе и за навивачот кој веќе 30 години од љубов кон клубот ги планира мозаиците на трибините, па доколку сакате да ја прочитате и таа приказна, кликнете тука.

Извор: https://x.com/LFC/

Вулверхемптон

И Вулверхемтон тагуваа по својот поранешен играч, Диого Жота. Тие на трибините ги испишаа зборовите “Ќе се сеќаваме на тебе кога ќе чекориш низ златните полиња” и издигнаа голема слика од Португалецот во жолтиот дрес на Вулвс.

Мечот помина во емотивно сеќавање на Жота, а во 18-та минута, бројот на дресот кој тој го носеше кога играше за Вулвс, навивачите повторно застанаа да му оддадат почит.

Извор: https://x.com/premierleague/

Астон Вила

Астон Вила го искористија моментот за да го покажат тифото на кое беше испишано “Без граници за нашите соништа”, покрај фотографијата на тренерот Унаи Емери.

Пораката на навивачите моќна и со двојно значење. Едното како прослава на неодамнешните успеси на клубот под водство на Емери, како рушењето на рекордот на клубот со 19 непоразени мечеви на домашен терен. Другата пак, порака со политичко значење, за ограничувањата кои им се наметнуваат на клубовите кога станува збор за финансиското работење, со што Астон Вила беа принудени да го продадат играчот Џејкоб Ремзи на Њукасл.

Извор: https://x.com/AVFCOfficial

Сандерленд

Сандерленд кои успеаја оваа година повторно да играат во Премиер лигата, на спектакуларен начин го најавија нивното враќање во големото натпреварување. На трибините на Стадионот на светлината осамна огромна слика од амблемот на клубот и локалната легенда Ламтон Ворм.

Легендата за Ламтон Ворм е огромен дел од фолклорот и историјата на градот, а тифото беше симболичен старт и порака дека тие се подготвени за борба.

Тифото е продолжение на пораката “До самиот крај”, која осамна минатата година за време на плеј-офот против Ковернтри Сити.

Извор: https://x.com/SunderlandAFC

Нотингем Форест

Нотингем Форест ја го одбележаа стартот на сезоната со исписот: “И во шумата одам за да го изгубам умот и да ја пронајдам мојата душа”. Покрај написот навивачите со мозаик го исцртаа и логото на клубот.

Извор: https://x.com/NFFC
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено