Официјално: Екс-Вардарецот Косуке Јасухира е нов ракометар на Охрид!

 

Објавено:

ГРК Охрид продолжува со засилувањата во својата историска сезона. Клубот денеска официјално го потврди ангажманот на јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира, кој доаѓа како позајмен играч до крајот на тековната сезона.

Јасухира, кој веќе остави длабока трага во македонскиот ракомет со своите извонредни партии во дресот на Вардар пред две сезони, во Охрид пристигнува од екипата на Бурган од Кувајт. 25-годишниот среден бек се очекува да биде клучниот мотор во играта на охриѓани во борбата за висок пласман.

Извор: https://www.facebook.com/hcohrid

Јасухира: Едвај чекам да заиграм пред охридските навивачи

Јапонскиот „магионичар“ не го криеше задоволството што повторно ќе игра во Македонија, каде веќе е миленик на љубителите на ракометот.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија. Во тимот имам добри пријатели од времето во Вардар и едвај чекам да заиграм за Охрид. Мојот деби настап го очекувам уште утре на дербито против Тиквеш. Среќен сум за пречекот од навивачите, нивната поддршка ми дава дополнителна мотивација да им помогнам на соиграчите за поуспешна сезона“, изјави Јасухира по потписот.

Извор: https://www.facebook.com/hcohrid

Косуке во Охрид ќе го носи дресот со број 13, а неговото деби се очекува да донесе дополнителен квалитет и брзина во ростерот на охридскиот суперлигаш.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено