(Официјално) Легендата се врати дома: Светислав Пешиќ е нов тренер на Баерн Минхен!

Објавено:

Најуспешниот тренер во историјата на германската кошарка се враќа на местото на успехот. Светислав Пешиќ (76) и официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Баерн Минхен, преземајќи ја функцијата од Гордон Херберт со договор до крајот на тековната сезона.

Ова е враќање на популарниот „Кари“ во Минхен по пауза од осум години. Тој го водеше баварскиот гигант од 2012 до 2016 година и му ја донесе првата шампионска титула во Бундеслигата во 2014 година.

Итна реакција по лошите резултати

Баерн Минхен се одлучи на овој чекор откако спогодбено ја прекина соработката со Гордон Херберт во саботата. Тимот имаше разочарувачки старт во Евролигата со скор од 5 победи и 12 порази, наоѓајќи се на 19-тата позиција на табелата.

Спортскиот директор Драган Тарлаќ објасни зошто Пешиќ е идеалното решение:

„Светислав го познава Минхен, го знае Баерн и двете лиги. Некои од нас многу добро го познаваат, па периодот на адаптација ќе биде краток. Тоа, заедно со неговото огромно искуство, ни дава добро чувство за оваа одлука, изјави Тарлаќ.

Од олимписка бронза до спас на сезоната

Пешиќ доаѓа во Минхен откако ова лето стави крај на мандатот како селектор на Србија, со која освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз и сребро на Светското првенство во 2023 година.

Искусниот стратег веќе се претстави пред тимот, а неговото „второ деби“ ќе биде експресно – уште утревечер (вторник) кога Баерн го пречекува тимот на Хапоел Тел Авив во натпревар од Евролигата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено