По отказот на Иван Јуриќ, кој издржа само 15 натпревари на клупата, Аталанта реагираше експресно. Новиот стратег на тимот од Бергамо е Рафаеле Паладино!
Официјалната потврда пристигна денеска. 41-годишниот тренер потпиша договор до јуни 2027 година.
Паладино доаѓа во Бергамо со одлично реноме. Тој направи чудо со Монца, а минатата сезона ја предводеше Фиорентина до шестото место во Серија А и до полуфиналето на Конференциската лига.
Сега, пред него е најголемиот предизвик во кариерата: да ја „разбуди“ заспаната Аталанта во Серија А (каде се на 13-то место) и да продолжи со добрите резултати во Лигата на шампионите.
Со него во стручниот штаб пристигнуваат неговите верни соработници: Стефано Читерио (помошник), Федерико Пелузо (технички соработник) и Фабио Кораби (фитнес тренер), но ќе задржи и дел од постоечкиот персонал на клубот.
„Семејствата Перкаси и Паљука му посакуваат топло добредојде на тренерот Рафаеле Паладино“, стои во соопштението на клубот.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



