10.8 C
Skopje

ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул доби ново засилување меѓу стативите!

Објавено:

Грузискиот голман Ѓорѓи Мамардашвили конечно и официјално стана играч на “црвените”, откако договорот со Валенсија беше постигнат уште минатото лето за сума од 25 милиони фунти плус бонуси. Мамардашвили ја одигра целата сезона во Ла Лига пред денес, 1 јули, да се пресели на Енфилд.

24-годишниот голман беше стандарден за Валенсија, со осум меча без примен гол со што помогна клубот да опстане во шпанската елита. Сега ќе има тешка задача да се наметне пред бразилската легенда Алисон, но Мамардашвили е полн со оптимизам.

“Тие ме гледаат како идниот голман на Ливерпул за следната деценија. Ќе тренирам, ќе бидам трпелив и ќе се докажам. Тренирањето со Алисон ќе ми помогне многу”, изјави Грузиецот.

Сепак, Мамардашвили со високо крената глава ја напушта Местаља, а фудбалерот се прости со клубот од Валенсија преку емотивно видео во кое се заблагодари за времето поминато со фановите, соиграчите и тренерите.

Како засилување пред голот пристигнува и Англичанецот Фреди Вудман, кој доаѓа како слободен играч од Престон.

Шампионот на Премиер лигата ова лето веќе направи “бомба” со рекордниот трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти, а пристигнаа и бековите Јереми Фримпонг и Милош Керкез, со кои Слот планира да ја зацврсти задната линија.

Но, според пишувањата на англиските медиуми, “пазарењето” на Ливерпул не е завршено! Во игра се уште засилувања, меѓу кои капитенот на Кристал Палас Гехи, како и напаѓачите Исак, Екитике и Осимен.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено