Моментот на вистината пристигна. Селекторот Благоја Милевски ги отвори картите за финалната битка во групата Ј.
Пред малку беше објавен официјалниот почетен состав на Македонија за дуелот против Велс на „Кардиф Сити“ стадионот. Во однос на претходните натпревари, Милевски направи неколку промени, давајќи им шанса на Стојчевски во одбраната, како и на Ашковски и Костадинов.
Почетниот состав на Македонија:
- Голман: Столе Димитриевски (23)
- Одбрана: Бојан Илиевски (2), Александар Стојчевски (6), Ѓоко Зајков (5), Дарко Велковски (14), Стефан Ашковски (3)
- Среден ред: Исник Алими (16), Тихомир Костадинов (18), Енис Барди (10) (К)
- Напад: Елиф Елмас (7), Бојан Миовски (20)
Клучни промени: Милевски се одлучи за Александар Стојчевски во задната линија, што е знак на доверба во младиот дефанзивец за овој клучен натпревар. Исто така, во тимот се враќаат Стефан Ашковски и Тихомир Костадинов, кои треба да донесат брзина и агресивност.
Велс со 5 измени и нов капитен Од другата страна, селекторот на Велс, Крег Белами, направи дури пет измени во однос на мечот со Лихтенштајн. Поради суспензиите на Ампаду и Џејмс, во првиот тим влегуваат Брукс, Кален, Џонсон и Шихан, а капитенската лента за првпат ќе ја носи Хари Вилсон.
Натпреварот започнува во 20:45 часот. Судија е искусниот Дани Мекели од Холандија.
Среќно момци! ❤️💛



