Омерагиќ: „Баравме фајтер, го добивме во Седлоски“

Објавено:

Според претседателот на ФФМ, Масар Омерагаиќ, изборот на Гоце Седлоски за нов предводник на македонската А-репрезентација не е само тактичка одлука, туку потег со кој се бара враќање на препознатливиот „фајтерски“ дух во националниот дрес.

По долги анализи за тоа кој е вистинскиот човек да го поведе тимот кон нови успеси, одлуката падна на рекордерот по бројот на настапи за Македонија, човек кој целата своја кариера ја изгради на борбеност и карактер.

„Баравме човек со ‘фајтерски’ карактер, го добивме во Седлоски, тој беше таков и на терен. Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата“, гласи пораката која ја потврдува довербата во новиот стратег.

„Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбал како играч и сега како тренер,“ изјави Омерагиќ, нагласувајќи дека авторитетот на Седлоски ќе биде клучниот фактор за воспоставување на нова дисциплина и победнички менталитет во соблекувалната.


Следете нè за сите новости: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено