Откажани сите медиумски активности на Реал пред мечот со ПСЖ

 

Објавено:

Фудбалерите на Реал Мадрид и тренерот Чаби Алонсо го пропуштија задолжителното обраќање пред медиумите во пресрет на полуфиналниот меч против ПСЖ на Светското клупско првенство. Причината? Лошото невреме во областа на Мајами и Њујорк кое го одложи летот на тимот за повеќе од еден час.

Иако ФИФА првично ја помести прес-конференцијата за подоцна, на крајот реши да ги откаже сите медиумски активности на “кралскиот клуб” за тој ден. Тимот слета во Њујорк дури во 20:52 часот, речиси еден час по закажаниот термин за медиуми.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на веста реагираше изненадено: “Не доаѓа?! Навистина?! Но тоа ништо не менува за мене…”.

Иако учеството на медиумските активности е регулирано во правилникот на ФИФА, од Реал Мадрид порачуваат дека не очекуваат казна бидејќи летот бил надвор од нивна контрола.

Реал Мадрид избраа да се подготвуваат во Мајами до самиот крај, и покрај првичниот план да останат во Њујорк по четвртфиналето против Дортмунд.

Инаку, тие вечер го играат вториот полуфинален меч од Светското клупско првенство против екипата на ПСЖ на Метлајф стадионот во Њу Џерси.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено