Палмеирас се првите бразилски патници во четвртфиналето

Објавено:

Бразилските клубови Палмеирас и Ботафого денес се сретнаа во првиот натпревар од нокаут-фазата на Светското клупско првенство. Како победник од овој бразилски дуел излегоа фудбалерите на Палмеирас со гол дури во 100 минута.

Откако регуларниот дел измина без голови, со резултат 0:0, имавме можност да го гледаме првото продолжување на овој турнир, и тоа веднаш на самиот старт од елиминациските натпревари.

Но, победник мораше да има, па со голот на Паулињо, Палмеирас го обезбеди билетот за четвртфиналето, каде ќе се сретне со победникот од вечерашниот дуел меѓу Бенфика и Челси.

Погледнете ги најинтересни моменти од првиот осминафинален натпревар.

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено