Перез го пречкрта Родри: Ѕвездата на Челси е прва желба на Реал Мадрид

 

Објавено:

Навивачите на Реал Мадрид очекуваа бомбастичен трансфер во средниот ред, но последната информација од Шпанија крена огромна прашина. Според новинарот Раул Варела од угледната „Радио Марка“, Флорентино Перез донел конечна одлука, Родри нема да го облече белиот дрес, а фокусот целосно се префрла кон Аргентинецот Ензо Фернандез!

„Родри нема шанси да оди во Мадрид. Претседателот, веќе не сака да го доведе. Ензо Фернандез е многу, многу поблиску до Реал Мадрид отколку Родри“, тврди Варела во емисијата „Ла Трибу“.

Оваа вест доаѓа по низата контроверзни настани. Родри закрепнува од тешка повреда на коленото и се ближи кон 30-тата година, додека Ензо сѐ погласно праќа „сигнали“ кон Мадрид поради незадоволството од проектот на Челси.

Сепак, трансферот на Аргентинецот нема да биде воопшто лесен. Фернандез има „бесконечен“ договор со Челси (до 2032 година), а лондонскиот клуб сигурно нема да го пушти без астрономска отштета која ќе ја покрие нивната почетна инвестиција од 120 милиони евра.

На социјалните мрежи, фановите веќе дебатираат за логиката на Перез. Додека едни сметаат дека Ензо е совршен долгорочен наследник за Тони Крос, други предупредуваат на неговиот астрономски договор и можните проблеми во соблекувалната по расистичкиот скандал во кој беа инволвирани и неколку француски репрезентативци кои сега играат за Реал.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено