Пингвини од Унгарија го „решија“ финалето во ЛШ, Арсенал ја освојува титулата!

 

Објавено:

Заборавете на тактички анализи, формации, ВАР-системи и милионски трансфери. Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ, кое викендов се игра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, веќе има свој победник. Барем ако ги прашате најрелевантните фудбалски експерти на денешницата, пингвините од зоолошката градина во унгарскиот град Ниреѓхаза.

Во духот на легендарниот октопод Пол, чуварите пред овие нелетачки птици поставија два плика со грбовите на финалистите. По кратко гегање и стратешко размислување („Ковалски, анализи!“), главниот пингвин одлучно го избра пликот на Арсенал и почна да клима со главата во знак на одобрување.

According to the penguins of Hungary’s Nyíregyháza Zoo, Arsenal will win the UCL final
by u/pudingleves in soccer

Навивачите на Арсенал веќе бараат УЕФА да го откаже натпреварот и директно да му го врачи трофејот на Микел Артета, водејќи се од логиката дека „пингвините никогаш не лажат“. Фановите на ПСЖ, пак, очајно се обидуваат да докажат преку ВАР-снимка од видеото дека двата пингвини во позадина всушност агресивно одмавнувале со главата, што значи дека резултатот е наместен.

Војна во животинското царство. Пристрасни пингвини наспроти француски слон

Но, нашата рубрика Troll Station не би била комплетна ако не го разоткриеме огромниот скандал и конфликт на интереси во овој животински пророчки бизнис.

Дали пингвините се објективни? Апсолутно не! Тие се наоѓаат во Унгарија, што значи дека отворено навиваат за напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш, поради неговите унгарски корени. За работите да бидат уште покомплицирани, слонот од зоолошката градина во Будимпешта вчера го избра пликот на ПСЖ. Причината? Слонот е оригинално донесен од Франција.

Додека животинското царство води граѓанска војна околу тоа кој ќе ја освои Европа, на нас ни останува само да купиме пуканки. Ако Арсенал победи, пингвинот дефинитивно треба да биде поканет на шампионската парада во Лондон.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено