Ландо Норис ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Австрија, а неговиот тимски колега Пијастри од третото место, што е повторно одличен резултат за водечкиот тим во трката за шампионатот – Мекларен.
Меѓу двајцата “папаја” возачи се најде Шарл Леклер, возачот на Ферари, кој извозе одличен круг во третиот циклус од квалификациите, кој беше прекинат од жолтото знаме поради излетувањето на Пјер Гасли од патеката.
Рекордерот на патеката Ред Бул Ринг и минатогодишен шампион, Макс Верстапен се најде дури на седмото место, откако неговиот летачки круг беше несреќно прекинат од жолтото знаме.
Ова можеби беше среќен момент за возачите на Мекларен, кој не изгледаа најсамоуверено во третиот циклус, за разлика од првите два, а многу возачи беа решени да извозат уште еден круг за своето најдобро време, за кое немаа повторна шанса.
Можеби најголемо изненадување на квалификациите беше дебитантот Габриел Бортолето, младиот Бразилец кој вози за Саубер. Тој успеа за прв пат во својата Ф1 кариера да дојде до третиот циклус на квалификациите и да дојде до осмото место на стартниот грид.
Уште едно изненадување доаѓа од дебитантот Лијам Лосон кој досега имаше доста проблеми на стартот од сезоната кога беше преместен од првиот во вториот тим на Ред Бул, поради неостварување на високите очекувања за неговите перформанси.
Листата на првите 10 утре ќе изгледа вака:
1. Ландо Норис
2. Шарл Леклер
3. Оскар Пијастри
4. Луис Хамилтон
5. Џорџ Расел
6. Лијам Лосон
7. Макс Верстапен
8. Габриел Бортолето
9. Кими Антонели
10. Пјер Гасли




