ПОЛУВРЕМЕ (0-0): Подобра Македонија по ремонтот на Седлоски во Љубљана

 

Објавено:

Фудбалската репрезентација на Македонија покажува нешто подобро лице на гостувањето во Љубљана против Словенија. По првите 45 минути на стадионот „Стожице“, мрежите мируваат (0-0), а впечатокот на теренот е дека играта е за нијанса попозитивна во однос на бледото издание против Швајцарија во Скопје, иако сме сè уште далеку од посакуваното ниво.

Селекторот Гоце Седлоски се одлучи за радикален потег и направи вистински ремонт во почетниот состав со дури осум измени. Од тимот што истрча на минатиот натпревар, своите места ги задржаа само капитенот Димитриевски, Гаштаров и Елмас. Македонија овој дуел го започна во следниот состав: Димитриевски; Стојчевски, Младеновски, Мелиќи, Аломеровиќ; Атанасов, Гаштаров; Митровски, Елези, Елмас; Омерагиќ.

Ова големо освежување во составот придонесе тимот да изгледа барем малку поангажирано. Иако играта не е брилијантна, забележливо е придвижување кон напред. Најрасположен во нашите редови досега е Дашмир Елези, кој се најде во две солидни шанси. Тоа е каков-таков напредок, ако се земе предвид дека на претходниот меч репрезентацијата не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол. Словенија ја имаше иницијативата и своите моменти, особено на самиот старт од натпреварот кога ја погодија пречката, но капитенот Столе Димитриевски навреме реагираше во неколку наврати за да ја сочува мрежата.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Доминација на трибините: Македонските навивачи грмат на „Стожице“

Посебна пофалба за ова прво полувреме заслужуваат македонските навивачи кои направија домашна атмосфера среде Љубљана. Во текот на сите 45 минути од трибините на „Стожице“ се слушаше исклучиво гласната песна на нашите фанови, кои целосно ги надгласаа словенечките гледачи. Со ваква фанатична, искрена поддршка и енергија од гостинскиот сектор, навивачите апсолутно заслужија фудбалерите во второто полувреме да дадат сè од себе и да ги наградат со победа.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено