16.8 C
Skopje

Порака до нацијата: Да го наполниме Градски, момците нè заслужуваат!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичката кампања е во полн ек. Од сите страни нè бомбардираат со празни ветувања, се тепаат за функции и нè трујат со поделби. Телевизорот нон-стоп труби, порталите “горат”, а се чини дека единствена тема се изборите.

Но, во понеделник, имаме шанса да се одмориме од сè. Да се обединиме. Да навиваме за нешто што е навистина наше. Во понеделник игра Македонија. И таа нè вика. Сите.

Едно нешто МОРА да се направи. Една света должност за секој што се чувствува како дел од оваа нација. Да се отвори сајтот на ФФМ и да се купи карта за понеделник. За Македонија – Казахстан. За да го наполниме “Градски” до последно место!

Copyright: SportStation.mk

“Ама скапо е!” – Математиката 👇

Слушаме муабети, “ама 300, 400, 500 денари… скапо е”. Ајде да видиме колку е “скапо”.

  • 300 денари? Тоа се две пива во кафуле додека гледаш на телефон како некој друг навива за својата земја.
  • 400 денари? Тоа е еден “фенси” бургер кој ќе го заборавите по половина час.
  • 500 денари? Тоа е една маичка на попуст од мол, која ќе се смали по првото перење.

Или, за истите пари, можеш да добиеш 90 минути чиста емоција. 90 минути во кои ќе дишеш како еден со 11 лавови на теренот. 90 минути за приказна што ќе ја раскажуваш со години. Изборот е твој.

Copyright: SportStation.mk

Повик до вистинските: Телефоните во џеб, гласот на максимум!

Ова не е повик за оние кои доаѓаат на стадион за да направат селфи за на Инстаграм и потоа 90 минути да скролаат на телефон. Со почит, ама не ни требате.

Ова е повик за оние кои се спремни да го изгубат гласот.

Ова е повик за оние кои не се плашат кога шефот на работа во вторник ќе ги праша зошто се зарипнати.

Ова е повик за вистинските навивачи на македонската репрезентација, кои во еден здив ќе бидат едно со играчите на теренот.

Сега сме им најпотребни. Ова е последен натпревар од групата на македонско тло. Овие момци нè направија горди безброј пати, време е да ги направиме и ние ним.

Карти има онлајн ТУКА. Изговори нема.

Сите на стадион! За Македонија!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено