Денес во ждрепката за Машинсикер ЕХФ Лигата на шампиони, македонскиот ракометен шампион беше сместен во пеколно тешка група за европскиот поход.
Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б со сегашните шампиони Магдебург, Барселона, ПСЖ, Загреб, Висла, Пик Сегед и ГОГ.
Групата која веднаш ја нарекоа “Група на смртта” ќе започне со натпревари од првото коло во септември, а распоредот на натпревари ќе биде дополнително објавен.
Машинсикер ЕХФ Лигата на шампиони ќе се игра во Виена, а Битолчани ќе имаат повеќе од тешка задача за да ја поминат оваа пеколна група.




