Потврдено: Ѓоковиќ се повлече од Торино! Мусети, кого Новак го победи денес, ја соопшти веста!

Објавено:

Само неколку часа откако ја освои 101-та титула во Атина, пристигна веста што многумина ја очекуваа. Новак Ѓоковиќ нема да настапи на завршниот АТП Мастерс во Торино.

Веста ја потврди, иронично, токму Лоренцо Мусети, финалистот кој Ѓоковиќ го победи денеска во исцрпувачкото финале во Атина.

Оваа одлука на 38-годишниот Србин значи дека токму Мусети, заедно со Феликс Оже-Алијасим, се последните двајца патници кои обезбедуваат место на завршниот турнир во Торино.

Како што SportStation веќе пишуваше денеска, Ѓоковиќ уште пред неколку дена ги демантираше тврдењата на шефот на Италијанската тениска федерација (Бинаги) дека неговиот настап е сигурен.

„Не знам од каде му е таа информација. Дефинитивно не е од мене или мојот тим. Ќе одлучам на крајот од овој турнир“, изјави Новак на 4 ноември.

Очигледно, по освојувањето на 101-та титула, 38-годишникот одлучи дека е време за одмор.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено