Поздрав од Чеферин: Претседателот на УЕФА ужива со шарпланинецот Македон!

 

Објавено:

Дека пријателствата во фудбалскиот свет не завршуваат само на теренот, докажува и најновата фотографија која пристигна директно од домот на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. По неговата неодамнешна посета на Скопје, кога од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, го доби на подарок малото шарпланинче Македон, првиот човек на европскиот фудбал испрати топли поздрави до македонската јавност уживајќи во друштво на својот нов миленик.

Особена чест и гордост за Македонија е што еден од највлијателните луѓе во светот на спортот за свој верен пријател ја избра токму нашата автохтона раса, која е симбол на храброста и националното богатство.

„Македон“ – амбасадор на македонското национално богатство

Кученцето потекнува од познатата одгледувачница „Sharplaninac the GOD of Macedonia“, од каде со огромно задоволство го споделија поздравот од Чеферин. За нив е огромно признание што нивно куче стана дел од семејството на претседателот на УЕФА, нагласувајќи ја меѓународната промоција која ја добива шарпланинецот како раса преку овој гест.

Името на миленикот, Македон, носи силна симболика и трајно ќе потсетува на цврстите врски и пријателството меѓу УЕФА и Македонија. Подарувањето шарпланинец на високи светски лидери е стара традиција која Омерагиќ ја продолжи, претворајќи го ова „џиновско бебе“ во вистински македонски амбасадор во домот на Чеферин.

Му посакуваме на господинот Чеферин уште многу долги години исполнети со верност и пријателство со неговиот нов миленик.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено