Познат противникот на Вардар: Монпелје доаѓа во Скопје во битка за „Фајнал-фор“!

 

Објавено:

Ракометарите на Вардар 1961 го дознаа името на ривалот во четвртфиналето на ЕХФ Европската лига. Како што се очекуваше, тоа ќе биде францускиот гигант Монпелје, кој рутински го завери пласманот меѓу најдобрите осум екипи, и покрај поразот на синоќешното гостување во Норвешка.

Екипата на Елверум пред својата публика во „Тернинген Арената“ успеа да слави пирова победа со 35:31 (18:19), со што барем на момент ги израдува своите навивачи и му покажа на Вардар како треба да се игра против овој силен француски состав. Сепак, двомечот беше практично решен уште на првиот натпревар во Франција, каде Монпелје славеше со убедливи 12 гола разлика (36:24).

Натпреварот во Норвешка беше израмнет во првото полувреме, но домашните ракометари ја презедоа иницијативата во вториот дел и не го испуштија водството до самиот крај. Најефикасни во редовите на Елверум беа Доминик Мате и Петер Лукаш со по 6 погодоци, додека Сондре Гјердален и Давид Балагер од Монпелје постигнаа по 5 гола.

За „Црвено-црните“ сега започнува сериозната подготовка за овој голем предизвик. Монпелје е екипа со огромен европски педигре, но Вардар досега покажа дека има квалитет и карактер да се натпреварува со најдобрите.

Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Монпелје и Вардар 1961 ќе се одигра на 28 април во Франција, додека реваншот кој ќе го одлучи патникот на „Фајнал-фор“ турнирот е закажан за 5 мај во Скопје.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено