ПР потег или искреност? Мбапе му се заблагодари на Чаби Алонсо преку Инстаграм

 

Објавено:

Додека медиумите во Шпанија брмчат дека токму Килијан Мбапе е главниот иницијатор за бунтот во соблекувалната и отказот на Чаби Алонсо, француската суперѕвезда на социјалните мрежи раскажува поинаква приказна.

Само неколку часа по официјализацијата на разделбата, Мбапе објави фотографија на своето „стори“ на Инстаграм каде се ракува со веќе поранешниот тренер, придружена со зборови на благодарност.

„Беше кратко, но задоволство…“

Во пораката на Мбапе пишува:

„Беше кратко, но беше задоволство да играм за тебе и да учам од тебе. Ти благодарам што ми ја даде довербата од првиот ден. Ќе те паметам како менаџер кој имаше јасни идеи и знае многу за фудбалот. Ти посакувам среќа во следното поглавје.

Дали ова е искрена порака или само добро спакуван ПР потег за смирување на страстите? Ако се суди според видеото од вчера каде тој го игнорираше Алонсо, фановите се скептични.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено