10.8 C
Skopje

Ракетата на Норис го донесе до победа и првата позиција во шампионатот!

Објавено:

Имаме промена во врвот на шампионатот во Формула 1 откако Ландо Норис победи на денешната трка за Големата награда на Мексико. Сепак, победата ја засени одлуката за вирутелно возило за безбедност во последните два круга, откако Карлос Сајнц го паркирал болидот покрај патеката во неможност да заврши, со што љубителите на тркањето беа скратени од две борби на кои се чекаше со нетрпение.

Едната ја водеше Макс Верстапен во борбата за второто место со Шарл Леклер, борба која и самиот Леклер после трката призна дека “била спасена од виртуелното возило, бидејќи гумите му биле веќе готови”.

Втората борба се водеше за четвртата позиција, каде Оскар Пијастри го напаѓаше одличниот Оли Берман, борејќи се за поените со кои ќе ја задржеше првата позиција во шампионатот. Доколку Пијастри успееше да го помине Берман, нешто што беше исто така многу веројатно со оглед на ритамот, тој ќе беше само еден бод пред својот тимски колега Норис.

Сепак, регулаторите на трката се решија најпрво за жолто знаме, а потоа и за вирутелно возило на безбедноста, со што го скратија ова задоволство.

Извор: https://x.com/F1

На врвот Ландо Норис изгледаше недостижен во “ракетата”, со која имаше доминантно водство во текот на целата трка. После победата тој изјави дека бил фокусиран на стартот, каде можностите за претекнување се најголеми, но и покрај хаосот што се случуваше зад него, тој успеа да остане фокусиран и да ја заврши победнички трката со што го презеде првото место на табелата од неговиот колега од Мекларен.

Стартот повторно ни донесе драма, а контактот меѓу Макс Верстапен и стариот ривал Луис Хамилтон донесе казна од 10 секунди за возачот на Ферари, со што тој и покрај добрите квалификации се најде на крајот дури на осмото место.

Макс со треттото место сега заостанува 36 поени во трката за титулата, а до крајот има уште пет трки и 2 спринта, па има време за да гледаме драматичен финиш на сезоната која изгледаше веќе одлучена пред летната пауза.

За возач на денот беше сосема заслужно изгласан дебитантот на Хаас, Оли Берман, кој се најде на крајот на четвртата позиција, напредувајќи пет места од стартот на трката.

Што се однесува до табелата за тимскиот шампионат, таму е веќе сè познато откако Мекларен веќе ја освоија титулата, но сепак промена дојде за второто место, каде поради подиумот на Леклер денес, Ферари се искачи на второто место, пред Мерцедес.

Извор: https://x.com/F1/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено