Во моменти кога македонскиот ракомет се подготвува за нови големи предизвици, пристигна моќен сојузник на четири тркала. CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во светот, денеска официјално стана нов партнер и спонзор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Соработката беше претставена на денешната прес-конференција во новиот салон на „Grand Auto“, кој е официјален увозник на CHERY за Македонија.
Партнерство засновано на визија и страст
На настанот присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот Кирил Лазаров, како и дел од репрезентативците кои наскоро заминуваат за Данска.
Генералниот директор на „Grand Auto“, г-дин Дритон Заири, чие име одамна е поврзано со ракометните терени, ја истакна природната поврзаност меѓу брендот и спортот:
„Ракометот е емоција и симбол на нов почеток. РФМ влегува во фаза со ново раководство и јасна визија, што целосно се совпаѓа со филозофијата на CHERY – инвестирање во напредок и иновации. Веруваме дека оваа соработка ќе биде инспирација за младите таленти и заедно ќе славиме нови успеси во Данска“, изјави Заири.
Нова ера за РФМ
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, изрази голема благодарност за довербата, нагласувајќи дека федерацијата работи напорно за да го врати трудот на виделина преку победи.
„Се надевам дека оваа соработка ќе ни донесе нови радости. Честитки за новиот салон на CHERY и Grand Auto, посакувам во иднина да се гледаме само за убави поводи и големи спортски резултати“, порача Стефанов.



