5.8 C
Skopje

Рејнџерс тоне сè подлабоко: Нов пораз на тимот на Миовски во Грац

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофалниот старт на сезоната за Глазгов Рeјнџерс продолжува со втор последователен пораз во Лига Европа, овојпат на гости кај шампионот на Австрија – Штурм Грац.

По единствената победа во домашното првенство викендов против Ливингстон во судиското надополнување, навивачите се надеваа дека тимот на Расел Мартин ќе најде вистински залет. Но, надежите брзо се распаднаа, a уште во раната фаза Томи Хорват го искористи несигурното додавање на Џејмс Таверниер и ја затресе мрежата на Џек Батланд.

Одбраната на гостите повторно затаи при вториот гол: со прецизно изведен слободен удар беше пресечена целата линија, а грузискиот интернационалец Отар Китеишвили лесно погоди за 2:0 пред паузата.

Иако ситуацијата изгледаше безнадежно, по одморот Шкотите заиграа поагресивно. По двојната измена во игра на полувремето влезе и нашиот Бојан Миовски. Гасама ја врати надежта со прекрасен удар, а по него Чермити, Раскин и Соутар имаа свои можности за израмнување. Но, времето не беше на нивна страна и Штурм успеа да го сочува триумфот.

За Мартин и неговите избраници, ова значи дека по двата порази (претходно и од Генк) сè уште немаат освоено ниту еден бод во Европа, а со само пет победи во 16 меча под негово водство, кризата на “Ајброкс” станува сè поочигледна.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено