Милан Илоски игра во животна форма. Напаѓачот на Филаделфија Унион има фантастична сезона во американската МЛС лига, со дури 16 голови и асистенции зад своето име. Но сепак, вратите на македонската репрезентација остануваат затворени за него поради една банална, административна причина, 27-годишниот фудбалер сè уште нема македонски пасош.
Оваа тема повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако угледниот македонски спортски новинар Филип Мишов го отвори прашањето на социјалните мрежи.
Филип Мишов го отвори прашањето, навивачите бараат одговори
Филип Мишов, кој гради извонредна меѓународна кариера и чии текстови, интервјуа и анализи можеме да ги читаме и слушаме на спортски гиганти како BBC, The Athletic, Sky Sports News, Flashscore, FotMob и официјалните канали на ЕХФ, на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) истакна дека Илоски апсолутно заслужува повик во репрезентацијата базиран на неговиот квалитет, но бирократијата е главната пречка.
Good question. 👏
— Filip Mishov (@fmishov) September 15, 2026
Milan Iloski deserves a call-up based on form (16 G/A) and quality, but if I’m not wrong, the 27-year-old still doesn’t hold a 🇲🇰 passport. ⚽️
Intrigued to see whether the in-form #DOOP forward gets called up soon, will provide an update on the topic! 🔜 https://t.co/q0I4Q6fcVk
Во дискусијата со навивачите, Мишов потсети дека Илоски е и повеќе од отворен за настап за Македонија, притоа цитирајќи го ексклузивното интервју кое напаѓачот го даде токму за Спортска Станица во мај оваа година (каде зборуваше за љубовта кон ајварот и македонските корени), како и интервјуто кое Мишов неодамна го направи со него за авторитетниот RG.org.
Ние во Спортска Станица ја користиме оваа прилика јавно да му се заблагодариме на нашиот колега Филип Мишов за споделувањето на нашата сторија и препознавањето на нашиот труд. Вистинското спортско новинарство се гради токму вака, преку меѓусебна почит, соработка и истакнување на квалитетните информации кои се во апсолутен интерес на македонскиот спорт и спортот воопшто.
Milan Iloski talked about being still open to representing 🇲🇰 in an exclusive chat with @sportskastanica back in May, just like the #DOOP forward said when I interviewed him for @TheRGMedia last year.https://t.co/VWl4DxCkAPhttps://t.co/YZWrSHVinW
— Filip Mishov (@fmishov) September 15, 2026
Каде кочи процедурата во новата администрација на ФФМ?
Во дебатата на мрежата Х, навивачите со право прашуваат, зошто е толку тешко да се извади пасош за Илоски, кога во минатото сме биле сведоци како експресно се доделуваат пасоши на странци со апсолутно нула конекција со нашата држава? Очекувањата беа дека новата администрација на ФФМ ќе има многу подобар скаутинг и проактивен пристап кон дијаспората, но засега, според реакциите на јавноста, работите одат премногу бавно.
Македонија, сега предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, ја очекуваат исклучително тешки натпревари во Лигата на Нации против Швајцарија, Словенија и Шкотска. Ни треба свежа крв и длабочина во нападот повеќе од кога било.
Наш став: Милан Илоски во нашето интервју јасно кажа дека растел со македонски вредности, јазикот не му е туѓ и дека со огромно задоволство би го разгледал повикот да го облече светиот дрес. Човекот кој руши рекорди низ Америка е наше дете. Во време кога секој квалитетен играч ни е злато вреден, институциите и федерацијата мора итно да реагираат и да ја забрзаат бирократската процедура. Спортот мора да биде ослободен од бирократски лавиринти, ако играчот има неспорен квалитет, желба и македонско срце, пасошот треба да биде само формалност, а не непремостлива пречка. Дајте му го пасошот на човекот!



