Кристијано Роналдо вечерва постигна два гола за Португалија, со што на 40 години стана најдобриот стрелец на квалификациите за Светските првенства на сите времиња со 40 погодоци. Со двата гола вечерва, тој достигна импресивна бројка од 948 голови во кариерата.
Но, кога сите веќе почнаа да го слават влезот на Светското првенство, Собослаи со гол во 91-та минута ја расипа прославата на “Естадио Жозе Алваладе” во Лисабон.
Ronaldo sub off and Portugal bottles the lead.
Great movement by Liverpool star Dominik szobozlai pic.twitter.com/DC3cJR70t7— Goal of today (@JustGolazo) October 14, 2025
Сè до голот на Унгарецот, Португалија водеше со 2-1, со головите што ги постигна Роналдо во 22-та минута и третата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Унгарија прва ја шокираше Португалија со голот на Сазлаи во 8-та минута, по што поведе во Лисабон, но сепак Кристијано Роналдо беше херој на домашната репрезентација со двата погодоци до крајот на првото полувреме.
Сега Португалија ќе треба да почекаат за да станат официјални патници на Светското првенство, иако остануваат први на табелата со 10 поени. Унгарија сега се втори со 5, но до крај ќе бидат во тесна борба со Ирска за втората позиција.