Руни: „Не ја заслуживме титулата таа година, не го сакам медалот на Манчестер Сити“

 

Објавено:

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, излезе со исклучително интересен и искрен став откако Манчестер Сити беше прогласен за виновен по повеќето од 115-те обвиненија за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата. Додека голем дел од фудбалската јавност бара одземање на титулите на Сити и нивно доделување на второпласираните екипи, Руни не сака ни да слушне за шампионски трофеј освоен на зелена маса.

„Не ја заслуживме титулата во 2012, не ја сакам ни сега“

Гостувајќи во подкастот „Stick to United“, Руни се наврати на болната сезона 2011/2012, кога Јунајтед ја загуби титулата од Сити буквално во последните секунди од првенството (поради подобрата гол-разлика на „Граѓаните“). Иако Сити ги прекршувал правилата токму во тој период, Англичанецот не сака ретроактивна правда.

„Ако треба да бидам искрен, не би се чувствувал удобно да прифатам уште еден медал од Премиер лигата, бидејќи мислам дека не го заслуживме. Не направивме доволно таа сезона за да ја освоиме лигата. Среќен сум со тие пет титули што ги освоив. Не би го сакал овој медал да ми стои дома по 15 години само затоа што Сити мамеле“, изјави Руни.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Поранешниот капитен покажа и голема емпатија кон фудбалерите на Манчестер Сити, истакнувајќи дека тие го оставиле срцето на теренот без да знаат што прави раководството. „Гледам од аголот на нивните играчи. Тие дадоа сè од себе за да ја освојат титулата и во нивните глави тие се шампиони. Ако тие немале поим што се случува во позадина, а некој дојде и им ги земе медалите – тоа би било апсолутно поразително за нив“, додаде тој.

Драконска казна: Исфрлање во најнизок ранг и финансиски ограничувања

Сепак, неговиот џентлменски став кон играчите не значи дека има милост за клубот како институција. Според Руни, казната за Манчестер Сити мора да биде брутална и да послужи како историски пример.

„Мислам дека ќе ги исфрлат од лигата. Јас би ги пратил во најниската можна лига и би им ставил строги финансиски ограничувања за следните три-четири сезони. Ако само ги исфрлите во Чемпионшип, тоа е голема казна, но со тој тим тие веднаш ќе се вратат во елитата. Но, ако ги пратите во Лига 2 и им дадете казна од 20 бода минус во следните три години, тогаш играчите нема да сакаат да останат таму. Би одел со најголемата можна казна“, порача 40-годишниот Руни.

Поделени мислења меѓу легендите

Ставот на Руни е во директна спротивност со реакциите на неговите поранешни соиграчи од „Олд Трафорд“. Рио Фердинанд и Давид де Хеа преку социјалните мрежи веќе сугерираа дека очекуваат Премиер лигата ретроактивно да им ги додели титулите. Слично реагираше и поранешниот менаџер на Стоук, Тони Пјулис, кој изјави дека се чувствува „измамено“ за поразот во финалето на ФА Купот во 2011 година.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Додека се чека официјалното соопштение за санкциите против Манчестер Сити (за кои клубот веќе најави жалба), очигледно е дека дебатата околу „чистотата“ на историјата во англискиот фудбал допрва се вжештува.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено