18.8 C
Skopje

Само Македонија му ја зафркна совршената статистика на Де Брујне!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгискиот фудбалер Кевин де Брујне изгледа како да е во животна форма откако го направи својот трансфер кај италијанскиот шампион Наполи ова лето.

Тој во последните 12 мечеви има удел во 11 голови за клубот и за репрезентацијата на Белгија, а единствениот меч кој фали во низата е оној со Македонија во Гент.

Де Брујне во боите на националниот дрес во последните пет мечеви има скоро совршен учинок. Против Велс има постигнато по еден погодок на двата дуели, против Лихтенштајн исто така има еден гол, против Казахстан два гола и една асистенција, а против Македонија ниту едното, ниту другото.

Извор: https://x.com/UEFAEURO

Нашата совршена одбрана во Гент иако напорна за фудбалерите, се покажа како одлична стратегија за стопирање на “машинеријата” на Белгија, па ниту Де Брујне, ниту Доку, не можеа ништо против борбената Македонија.

Сега после завршувањето на квалификациското коло светските медиуми имаат само пофални зборови за формата на белгискиот офанзивен играч за врска, но Македонија е споменувана како единствената која успеа да го запре неговиот налет и да ја “расипе” совршеноста на статистиката.

Извор: https://x.com/BelRedDevils

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено