Тотенхем не успеаја да победат дома против тимот на Борнмут во денешниот меч од третото коло на Премиер лигата. Гостите дојдоа до водство уште во 5-та минута од натпреварот, а резултатот остана ист до самиот крај на натпреварот.
Голот за Борнмут го даде Еванилсон, откако уште во првата минута и домаќините имаа шанса за погодок. Погледнете ги сите најинтересни моменти и погодокот на овој натпревар.
Ниту Вулвс не успеаја денес да ја искористат предноста на домашен терен, откако гостите Евертон беа поуспешни во овој дуел. Сепак, во овој натпревар гледавме доста повеќе погодоци, за конечен резултат од 2:3 во корист на Евертон.
И таму првиот погодок падна многу рано во натпреварот, кога Бето стрелаше во 7-та минута за водство на Евертон. Домаќините успеаја брзо да израмнат, преку погодокот на Хи-Чан во 21-та минута. Сепак, “сините” уште еднаш ја погодија мрежата во првото полувреме, кога Ендаје во 33-та минута стрелаше успешно за резултат од 1:2 на полувремето.
Во второто полувреме гостите ја зголемија предноста со голот на Дусбури-Хал во 55-та минута, а домаќините погодија уште еднаш во 79-та преку Родриго Гомеш, за конечен резултат од 2:3.
Погледнете го голгетерското шоу и најинтересните моменти од мечот!
Покрај Манчестер Јунајтед кои денес победија конечно на домашен терен и Сандерленд ја искористија предноста од игра пред домашната публика исто така во последните минути од мечот. Тие со 2:1 го совладаа Брентфорд, а сите натпревари на мечот пристигнаа во второто полувреме.
Први поведоа гостите преку голот на Игор Тијаго во 77-та минута, но сепак домаќините имаа време да стигнат до победа, откако најпрво Енцо Ле Фее преку пенал израмни во 82-та минута, за Вилсон Исидор да донесе радост на трибините со голот во 96-та минута од натпреварот по асистенцијата на капитенот Гранит Џака.
Погледнете ги најинтересните моменти.



