Се врати дома: Христијан „Џери“ Кировски ќе ги создава идните голгетери на Вардар!

Објавено:

„Вардаровото дете“ се врати во црвено-црното семејство. Христијан „Џери“ Кировски (40) се враќа во својот матичен клуб, не како голгетер, туку како тренер.

Поранешниот напаѓач, кој имаше исклучително богата и долга играчка кариера , е назначен за нов предводник на пионерската екипа на Вардар (У-16).

За помладите читатели, „Џери“ Кировски е синоним за голгетер-номад. Тој потекна токму од Вардар, каде дебитираше на само 16-годишна возраст, пред да изгради импресивна интернационална кариера.

Настапуваше во над десет различни земји, вклучувајќи ги Србија (ОФК Београд), Грција (Ираклис), Бугарија (ЦСКА Софија), Романија (Васлуј), Полска, Кипар, Израел, па дури и Тајланд, каде беше најдобар стрелец во лигата (2015/16). Во Македонија, исто така, беше крал на стрелците во сезоната 2010/11 (20 гола за ФК Скопје) и ги носеше дресовите на Работнички и Шкендија.

Кировски ја започна тренерската кариера во младинците на ФК Скопје (2024-2025) , а последен ангажман му беше во стручниот штаб на сениорскиот тим на Тиквеш.

Сега, кругот е затворен, „детето“ се враќа дома за да го пренесе своето огромно голгетерско искуство на новите „црвено-црни“ таленти.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено