Серафимов најавува војна на теренот: „Мора да влеземе јако, без разлика дали е Данска или Романија!“

Објавено:

Македонската ракометна репрезентација ги одработува финалните подготовки пред патот за Скандинавија, а атмосферата во таборот на Кирил Лазаров е борбена. Десниот бек Мартин Серафимов е свесен дека Македонија се наоѓа во „пеколна“ група на Европското првенство (ЕП 2026), но најавува дека белото знаме е оставено во Скопје.

Според бомбардерот на националниот тим, првата фаза на физички подготовки е завршена, а сега се „кова“ тактиката за изненадување против фаворитите.

„Немаме што да загубиме, имаме што да добиеме“

Серафимов реално ги согледува работите – Данска е светска велесила, Португалија е во самиот врв, а Романија е сериозен противник. Сепак, тој инсистира на пристап без респект на теренот.

„Нас ни останува да влеземе ‘јако’ на сите натпревари, да покажеме како треба да се бори секој за Македонија, а резултатот ќе дојде сам по себе, порача Серафимов.

Тој додава дека спортски е да се надеваш на победа на секој натпревар, без разлика кој стои на спротивната страна.

„Желбите и очекувањата се да го минеме првиот дел, но противниците се силни, нè чека голем и тежок предизвик. Наше е да дадеме максимум, заклучува бекот.

Македонија прво патува за Швајцарија на пријателски турнир, а потоа се сели во Данска каде ќе ги одмери силите со домаќинот, Португалија и Романија.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено