14.8 C
Skopje

Силна Македонија во првото полувреме, убедлива победа на Словенија на крајот

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Со убедлива победа од 32-26, репрезентацијата на Словенија сепак на крајот славеше на натпреварот за квалификациите за Европското првенство 2026 кој се одигра вечерва во Скопје.

Македонија уште еднаш одигра одлично прво полувреме, во кое во еден момент поведе и со шест разлика, па резултатот после 15 минути игра беше 10-4 за избраниците на селекторот Кире Лазаров.

Извор: https://www.facebook.com/FilipKuzmanovski

Но, разликата кон крајот на првото полувреме полека почна да се топи, за да заврши со само еден гол позитива за нашата репрезентација на истекот на триесетте минути.

Одличното прво полувреме и преполната сала во СЦ Борис Трајковски не успеа да ја скрши силната Словенија, која со трпелива игра успеа да дојде до целосен пресврт, за на крајот да победи токму со шест голови разлика.

Најдобар во нашиот состав беше капитенот Филип Кузмановски со 10 гола, а по него следеа Марко Митев со пет и Жарко Пешевски со четири постигнати голови.

Разликата во квалитет можеби најдобро се виде и во процентот на реализација, па наспроти високите 70% реализација на Словенците, Македонија имаше многу послаби 54% успешна реализација. Одбраната исто така имаше клучна улога во расплетот на натпреварот, па откако првиот голман на Словенија, Лесјак, немаше ниту една одбрана во првата половина на првото полувреме, резервниот голман Базник го замени значајни 14 одбрани до крајот на натпреварот.

По одличното издание на Македонија на Светското првенство, ова е прв пораз на нашите репрезентативци и тоа на домашен терен. Но, во ракометот се играат две полувремиња, па доколку сакаме да имаме конзистентност во играта и формата којашто се демонстрира, ќе мора да најдеме начин да ги изиграме на високо ниво сите 60 минути игра во иднина.

Следниот натпревар со Словенија се игра на гости на 16.03. Доколку го изгубиме и тој напревар, билетот за ЕП 2026 ќе го бараме во последните два натпревари во кои ќе мора да победиме дома со Литванија и на гости во Естонија.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено