Синер и Швјонтек го изиграа традиционалниот победнички танц

 

Објавено:

Традицијата на Вимблдон е по завршувањето на турнирот победниците во машка и женска конкуренција да го изиграат победничкиот танц на гала вечерата.

Синоќа, тоа беа победниците Ига Швјонтек и Јаник Синер кои изгледаа одлично во елегантно издание по своите победи на тревата во Лондон.

Јаник Синер на конференцијата за медиуми по завршување на финалето се пошегува дека не е добар танцувач, но дека ќе даде сè од себе да не се посрамоти пред публиката.

Ние мислиме дека му одеше одлично, а погледнете го и вие видеото од победничкиот танц меѓу шампионите од Вимблдон.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено