Поранешниот легендарен голман на Челси и Арсенал, Петр Чех оствари светска слава со своите настапи во Премиер лигата и за чешката репрезентација. Сега, неговиот наследник, Дамјан Чех, на само 16 години потпиша професионален договор со тимот на англискиот премиерлигаш Фулам.
Неговиот татко имаше дури 228 настапи во Премиер лигата, а за младиот Дамјан ова ќе биде продолжување по голманските стапки на својот татко.

Ова претставува продолжување на стратешката визија на Фулам за развој на млади таленти. Изминатата година, тие “извадија” дури 12 професионални играчи за први тимови од нивната Академија, а потписот со младиот Чех доаѓа после неговото деби за репрезентацијата во рамките на У18 натпреварувањата.
“Засекогаш благодарен”, напиша младиот фудбалер покрај фотографијата на која го потпишува својот прв професионален договор во кариерата.


