Во пресрет на клучниот натпревар што ја очекува македонската фудбалска репрезентација, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати повик за масовна поддршка од трибините, со посебен гест наменет за иднината на нашиот фудбал.
ФФМ одлучи да овозможи бесплатен влез на источната трибина за сите регистрирани млади фудбалери од Детската лига, регионалните лиги и сите младински категории (пионери, кадети, младинци), заедно со нивните тренери. Ова е одлична можност за младите таленти да ги бодрат своите идоли и да бидат дел од еден голем спортски настан.
За останатите навивачи, билетите ќе бидат пуштени во продажба на 27 август по цена од 300 до 500 денари и можат да се купат онлајн. Поточно, билетите на Западната трибина ќе чинат 300 денари, за дел од Јужната и Северната трибина цените ќе бидат по цена од 400 денари и централните делови од трибините (блок 3 и 4 од Јужна и 21 и 23 од Север) ќе чинат 500 денари.
Натпреварот Македонија – Лихтенштајн од 5-то коло во групата за пласман на СП 2026 ќе се одигра на 7. септември на Националната арена Тодор Проески во Скопје.
Да го наполниме стадионот и да им дадеме ветер во грб на нашите репрезентативци! #НапредМакедонија 🇲🇰
Купете билети тука: ЛИНК ДО eticket.ffm.mk
View this post on Instagram