Скандал во Манчестер: Родри обвинет дека ги „шпиунирал“ соседите со дрон?!

 

Објавено:

Искрено, воопшто не нè интересира веста за Родри и неговиот нов дрон. Но, бидејќи очигледно тоа е она што го бараат алгоритмите на агрегаторите и што ја привлекува публиката, моравме да го искористиме овој наслов за да го привлечеме вашето внимание за нешто што е навистина ВАЖНО.

Додека светот дебатира за „играчките“ на ѕвездите на Сити, ние сакаме да ве потсетиме: Македонија за само две недели игра историски бараж за Светско првенство!

Дали сме подготвени? Дали има еуфорија? Прочитајте ја нашата анализа за „молчењето“ на ФФМ и подготовките за Данска на следниов линк:


А за да не излезе дека сме ве излажале…

Еве ја накратко и веста за Родри: Шпанецот си купил нов дрон и решил да го испроба од својата тераса. Соседите во луксузниот комплекс се вознемириле кога го виделе леталото пред своите прозорци, а некои дури и коментирале: „Не купувавме станови на олку високи катници за некој да ни гледа во дневна соба“. Го пријавиле во заедницата на станари и тоа е сè. Ништо посебно.

Сега, кога го решивме „големиот проблем“ на Родри, ајде да се вратиме на она што е битно за македонскиот спорт. Одиме ли во Данска?!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено