Четирикратниот шампион Макс Верстапен ја објави кацигата која е специјално направена за Големата награда на Австрија која ќе се одржи овој викенд.
Домашната патека на Ред Бул е една од најсреќните за Холанѓанецот, кој токму тука го држи рекордот на возач со најмногу победи во историјата на патеката со вкупно пет во 2018, 2019, 2021 (двојна трка) и 2023 година.
Тој е доминантен и по бројот на пол-позиции, како и освојување на најбрзи кругови.







