10.8 C
Skopje

Што гради Ливерпул? И младиот талент Керкез пред договор

Објавено:

Ливерпул го носи во своите редови и младиот талент, Унгарецот Милош Керкез кој играше за Борнмут во Премиер лигата.

Керкез кој е познат по својата физичка издржливост и способност да создава офанзивни ситуации од бековската позиција, имаше успешна измината сезона во лигата каде ги одигра сите 28 натпревари, негов личен рекорд на теренот.

Играчот роден во Србија, дебитираше за унгарската репрезентација во септември 2022 година, играјќи ги сите 90 минути во победата од 1:0 над големата Германија во Лигата на нации. Тој настапуваше за оваа репрезентација и на ЕУРО 2024.

Ливерпул оваа година направи вистински бум на трансфер пазарот, а каков тим ќе изгради шампионот за идната сезона останува да видиме.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено