Тиквеш извлече бод со десетмина, Струга ТЛ сурово казнета во финишот

 

Објавено:

Возбудувањата во 30. коло од македонскиот фудбалски шампионат донесоа драматични завршници на натпреварите во Кавадарци и Струга. Додека Тиквеш успеа да одолее на притисокот со играч помалку, Струга ТЛ доживеа вистински шок пред своите навивачи.

Тиквеш и Арсими ги поделија бодовите во Кавадарци

Екипите на Тиквеш и Арсими ги поделија бодовите во натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат. Клучниот момент на натпреварот се случи во 18. минута, кога Камара невнимателно интервенираше со високо подигната нога, по што по ВАР прегледот одлуката беше преиначена во директен црвен картон.

И покрај тоа што остана со десет играчи, Тиквеш поведе во 24. минута откако Бесир Рамадани најдобро се снајде во шеснаесеттникот и со удар со глава го отвори резултатот. Сепак, Арсими брзо одговори и израмни преку Гони, кој со прецизен удар ја затресе мрежата по нафрлувањето на Рамадани. Во вториот дел, Башким Велија ја погоди стативата за гостите, а Арсими ја продолжи иницијативата, но домашниот голман Сиљановски беше на висина на задачата и спречи промена на резултатот, па натпреварот заврши без победник 1-1.

АП Брера ја „замолкна“ Струга во 88. минута

Неверојатни промашувања на Струга ТЛ и казна во финишот од страна на АП Брера е епилогот од натпреварот во Струга, во кој гостите ја однесоа победата со гол во 88. минута. Избраниците на Бледи Шкемби имаа минимум шест стопроцентни шанси, но не успеаја да постигнат гол, при што Малески, Шабани и Фал постојано беа сопирани од одличните одбрани на Диковски.

Ситуацијата за домаќините се влоши во 72. минута кога Хамза доби директен црвен картон, но Струга ТЛ продолжи да напаѓа и преку Бојку и Илиевски. Казната од гостите конечно дојде во 88. минута кога Петровиќ се проби одлично по левата страна, мина неколку противнички играчи и го совлада Ангелети за конечни 0-1 и три бода за АП Брера.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено