Натпреварот од Суперкупот на УЕФА помеѓу Тотенхем и ПСЖ, кој се одигра во Удине, започна со моќна и емотивна порака која го обиколи светот. Пред самиот почеток на натпреварот, пред играчите на двата тима беше поставен огромен транспарент со јасна и недвосмислена порака: “Стоп за убивањето деца, стоп за убивањето цивили”.
Овој потег на УЕФА е еден од најдиректните и најхрабрите досега, со кој најголемата европска фудбалска организација испрати јасен апел за мир и заштита на невините жртви во конфликтите ширум светот.
Самата УЕФА ја сподели фотографијата на своите официјални профили, со краток, но моќен коментар: “Од Суперкупот на УЕФА во Удине, пораката е гласна и јасна. Транспарент. Повик.”
Овој потег доаѓа само неколку денови откако египетската суперѕвезда, Мохамед Салах, јавно ја прозва УЕФА за нивниот молк, прашувајќи ги “Кажете ни како, каде и зошто почина палестинскиот Пеле?”. Дали овој транспарент е одговор на тој повик, или пак, будење на свеста во светскиот фудбал, останува да видиме.
Во секој случај, ова е голем и значаен момент, кој покажува дека фудбалот може и мора да биде повеќе од само игра.
From the UEFA Super Cup in Udine, the message is loud and clear.
A banner. A call. pic.twitter.com/HNjPja4OBk
— UEFA (@UEFA) August 13, 2025



