9.8 C
Skopje

Вајли се врати во дресот на Македонија: “Ќе дадам сè за оваа репрезентација!”

Објавено:

Американецот со македонски пасош – Џејкоб Вајли, повторно е дел од сениорската репрезентација на Македонија! По неколкугодишна пауза, силното крило се врати во Гевгелија и веќе се приклучи на подготовките на националниот тим, пред почетокот на претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.

Вајли без двоумење го прифати повикот од селекторот Марјан Илиевски, токму во момент кога Македонија има потреба од искусен и физички доминантен играч под кошевите.

“Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво. Штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата, без многу размислување прифатив. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое ‘во живо’ ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија”, изјави Вајли по пристигнувањето во хотелот Аполонија.

Извор: https://kfsm.mk/

Со своето искуство и физичка подготвеност, Вајли ќе ја зацврсти внатрешната линија на селекцијата. Тој ќе биде и највозрасниот член на тимот, и се очекува да преземе лидерска улога покрај Бојан Магдевски и Дамјан Мекиќ.

“Знам дека репрезентацијата е подмладена, и сметам дека тоа е природен процес. Добро е што младите добиваат можност да се докажат на сениорско ниво. Свесен сум дека во овој процес мојата улога ќе биде уште позначајна, да внесам позитивна енергија, да водам со искуство и да помогнам со се што можам. Подготвен сум да дадам сè”.

Се чини дека повратникот во црвено-жолтиот дрес е решен да го остави срцето на теренот, токму во период кога македонската кошарка гради нова иднина со свежи сили и цврст карактер. Следниот предизвик – претквалификациите за Мундобаскетот 2027, започнуваат наскоро.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено