Во потег кој е реткост во модерниот фудбал, извршниот директор на ФК Вардар јавно и директно одби понуда за еден од своите најдобри играчи, Роџерс Мато. Алжирскиот гигант и најтрофеен клуб во земјата, ЈС Кабили, доставил официјална понуда вредна 300.000 евра за репрезентативецот на Уганда, но одговорот од Скопје беше краток, јасен и брутално искрен.
Наместо дипломатски одговори, директорот на својот Инстаграм профил ја објави понудата со легендарен коментар:
“Еден е Мато, Мато не го даваме”.

Овој несекојдневен потег предизвика лавина од позитивни реакции кај навивачите на Вардар, кои го поздравија ставот на раководството да го задржи својот најдобар играч, кој блеска во дресот на “црвено-црните” од своето доаѓање. Мато беше клучен играч во европските настапи и во победата во вечното дерби, со што брзо стана миленик на публиката.
Погледнете ја објавата:
View this post on Instagram