9.8 C
Skopje

Легендата се враќа дома, Чупиќ е новиот тренер на Вардар!

Објавено:

По болниот пораз во финалето од Еурофарм Пелистер и загубената титула, Вардар 1961 повлече потег што ги разбранува навивачите! Според пишувањата на хрватскиот портал „Индекс“, легендарниот хрватски ас, Иван Чупиќ, се враќа во „Јане Сандански“, овојпат како нов тренер на „црвено-црните“.

Раководството на клубот експресно му врачи отказ на Аргентинецот Гиљермо Милано и тргна во офанзива по човекот кој на Вардар му донесе две титули во Лигата на шампионите. Чупиќ, кој имаше успешна мисија спасувајќи го својот Метковиќ од испаѓање во Хрватска, добил официјална понуда и е прв пик да го врати шампионскиот менталитет во тимот.

Иако постои интерес и од други клубови, се очекува емоциите да надвладеат и херојот на вардаровата навивачка група да се врати таму каде што доживеа најголеми успеси. Се шпекулира дека во пакетот би можел да се врати и Игор Карачиќ како спортски директор, со што Вардар јасно покажува дека сака да ја врати старата слава.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено