Вардар во битка за врвот! Маневски: „Противникот не е важен, Вардар секогаш оди на победа“

Објавено:

На Арената „Тодор Проески“ денеска со почеток од 13:00 часот Вардар го пречекува Тиквеш во рамки на 13-то коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуел со различни амбиции, но со иста цел – бодови што многу значат и за едните и за другите.

Вардар влегува во натпреварот како лидер и во одлична форма, со активна серија без пораз и свежа победа над Пелистер во Битола. Тимот на Александар Таневски има јасна цел, триумф и задржување на првото место пред репрезентативната пауза.

„Нашата серија на мечеви без пораз е сè уште активна и така треба и да остане. Вардар нема пораз и според мене така и ќе остане. Целта е јасна, а тоа е победа на секој меч и задржување на лидерската позиција. Тоа е Вардар. Имам респект за Тиквеш, тоа е клуб каде што играв пред да дојдам тука, но денеска на Арената одиме само на победа“, изјави Михаил Маневски пред дуелот.

Извор: https://www.ffm.mk

Од друга страна, Тиквеш пристигнува во Скопје со доза на оптимизам. По слабата прва половина на сезоната, под водство на новиот тренер Борче Христов тимот конечно покажа знаци на оживување и освои четири бода на последните два натпревари.

„Секако дека играњето на Арената и дуелот против Вардар е дополнителен мотив за секого. Добро стартувавме со новиот тренер и сакаме да ја продолжиме позитивната серија. Имаме респект кон Вардар, но и свои амбиции и мотиви“, изјави Александар Мишов.

Дуелот на Арената „Тодор Проески“ стартува во 13:00 часот, а Вардар ќе се обиде со нова победа да ја потврди лидерската позиција и да ја продолжи својата непобедлива низа, додека Тиквеш ќе бара изненадување и нова потврда дека кризата конечно е зад нив.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено