(Видео) Барса не дозволи сензација: Феран и Јамал го скршија Расинг за четвртфинале во Купот!

 

Објавено:

Барселона обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Копа дел Реј, откако славеше на гостувањето кај Расинг Сантандер со 0-2. Избраниците на Ханси Флик одиграа трпелив натпревар и ја оправдаа фаворитската улога против лидерот во втората шпанска лига.

Феран Торес ја презеде одговорноста

По емотивниот почеток на натпреварот и почесниот шпалир од страна на домаќините, Барселона доминираше во поседот, но тешко наоѓаше пат до мрежата на Езкијета. Клучниот момент се случи во второто полувреме кога „џокерот“ Фермин Лопез испрати фантастично додавање низ одбраната на Расинг. Феран Торес, кој вечерва ја носеше капитенската лента, ладнокрвно го заобиколи голманот и погоди за водство.

Ламин Јамал стави точка на драмата

Домаќините, кои се надеваат на враќање во Ла Лига по 14 години, се обидоа да притиснат во финишот, но во судиското продолжение Барселона го запечати натпреварот. Рафиња испрати остар центаршут на подалечната статива, каде Ламин Јамал беше на вистинското место за конечни 0-2.

Додека Барса продолжува кон одбрана на круната, веста на денот во Шпанија е елиминацијата на Реал Мадрид. Во дебито на Алваро Арбелоа на клупата (кој го замени Чаби Алонсо), „кралевите“ беа шокирани од второлигашот Албасете со што останаа без шанса за трофејот во ова натпреварување.

Барселона своето име во ждрепката за четвртфиналето ќе го дознае веќе во понеделник.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено