(Видео) Белерин му украде два бода на Реал Мадрид во последната секунда

 

Објавено:

Реал Мадрид пропушти голема шанса да се врати со полн плен од гостувањето на „Ла Картуха“, откако одигра нерешени 1-1 против Бетис. Иако тимот на Алваро Арбелоа доминираше во поголемиот дел од натпреварот, невниманието во последниот напад ги чинеше „кралевите“ два бода кои веќе ги имаа в џеб.

Винисиус брз како стрела, Лунин несовладлив на линијата

„Кралевите“ тргнаа офанзивно и им беа потребни само 17 минути за да го отворат резултатот. По еден силен удар на Валверде од далечина, голманот Ваљес само кратко ја одби топката, а Винисиус Жуниор беше најбрз и ја смести во мрежата за 0-1.

Реал Мадрид можеше да ја зголеми предноста во 23-та минута, кога целиот тим бараше пенал по играњето со рака на Рикардо по шутот на Брахим, но судијата Сото Градо и ВАР собата останаа неми. До крајот на првиот дел, Белингем имаше одлична шанса по мајсторското додавање на Мбапе, но Ваљес интервенираше. На другата страна, Андриј Лунин ги покажа своите рефлекси со две спектакуларни одбрани по ударите на Антони и Бакамбу, сочувувајќи го водството на паузата.

Драма во судиското продолжение

Второто полувреме донесе отворен фудбал на двете страни. Трент Александер-Арнолд одлично центрираше од корнер за Хујсен, а подоцна Валверде и Винисиус имаа прилики да стават точка на натпреварот во 85-та минута, но голманот на домаќините беше на висина на задачата.

Кога сите очекуваа последен свиреж, во последната акција од натпреварот се случи вистински хаос во шеснаесеттникот на Реал. По неколку неспретни одбивања, топката стигна до Ектор Белерин, кој ладнокрвно ја погоди мрежата за огромна радост на трибините и конечни 1-1.




Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено