Легендарниот италијански фудбалер и сегашен селектор на “аѕурите”, Џенаро Гатузо, уште еднаш го покажа својот бескомпромисен карактер. Во изјава која го обиколи светот, тој даде драматично ветување: доколку Италија не успее да се пласира на Светското првенство во 2026 година, тој ќе ја напушти земјата.
Оваа изјава доаѓа во момент кога врз Италија има огромен притисок, со оглед на тоа што тие ги пропуштија последните два Мундијали (2018 и 2022 година). “Ако Италија не се пласира на Светското првенство во 2026, ќе се иселам од земјата. Веќе живеам доста далеку, но ќе одам уште подалеку!”, изјави Гатузо во свој стил.
Gennaro Gattuso: “If Italy don’t qualify for 2026 World Cup, I will move away from the country. I’m already living quite far away, but I’d go even further away”. Italy have not participated in a World Cup tournament since 2014.
byu/landofphi insoccer
Што значи неуспех за фудбалска велесила како Италија?
Италија, четирикратен светски првак, нема одиграно нокаут-натпревар на Светско првенство уште од финалето во 2006 година, кога го освоија трофејот. Оттогаш, следуваа две елиминации во групната фаза (2010, 2014) и два неуспешни обиди воопшто да се квалификуваат (2018, 2022).
“Има деца родени во 2006 година кои никогаш не ја гледале Италија во нокаут-фаза на Мундијал”, “Фактот што освоивме Европско првенство помеѓу два пропуштени Мундијали е една од најчудните работи во историјата на фудбалот”, се само дел од коментарите кои ја отсликуваат фрустрацијата.
Неуспехот да се пласираат по третпат по ред би бил национална катастрофа, нешто што е незамисливо за земја која живее за фудбалот.
Од каде да се исели Гатузо?
Хумористичните коментари не изостанаа ниту овојпат. “Ако се исели од Италија, ќе оди во Нов Зеланд. Тоа е буквално најдалечната точка на планетата”, “Ова ме потсетува на претседателот на Васко де Гама, кој вети дека ќе се пресели на Алјаска ако испаднат. Испаднаа, тој не се пресели, но почина”, се дел од реакциите.
На крајот, едно е сигурно: притисокот врз Гатузо и неговите избраници е огромен. Цела нација очекува крај на црната серија. Во спротивно, можеби навистина ќе треба да му бараат нов дом на популарниот Рино.